Monday, November 29, 2010

The real deal стомачни

     Јако јадро ( стомак, кичма и околна мускулатура ) не подразбира вежбање со милион серии и милион повторувања на клупата за стомачни како што повеќето си мислат ( освен целта ако не им е екстремна кондиција, мада и за тоа треба друг пристап ). Јако јадро се создава со тешки чучњеви, мртво подигање, разни варијации на стоечки вежби ( тука не се подразбира бицепс ) , good mornings, стомачни со додадена килажа, turkish get up, кревање чудни објекти итн. Уште поголема јачина во тој регион се добива со работење без каиш за вежбање. Многумина ќе речат дека тоа е опасно, јас ќе речам, ДА опасно е ако вежбаш со катастрофична форма на изведување на вежбите, дури и со каиш е опасно ако се вежба така, а доколку формата е добра при изведувањето на вежбата зошто да не се прави и без каиш. Бенефициите од тоа се ОГРОМНИ. Потврда за тоа има од најдобриот powerlıfter на сите времиња. Човек чија сила се граничи со онаа на суперхероите. Човек за кој се вели дека доминирал во својата област подобро од Michael Jordan, Tiger Woods во нивните и се вика Ed Coan.

 снагетина од чоек
Пристапот на Ed кој би сакал да ви го прикажам во овој пост е работењето без каиш. Во интервјуа има кажано дека ретко ги работи директно стомачните, туку дека во главно огромната сила што тој ја поседува во јадрото му е од чучњеви и мртво дигање без каиш. А ако се сомневате во неговите тврдења, погледнете ги неговите резултати и при која килажа. Јас ќе наведам еден само другите ќе си ги побарате. Тоа е 408.68 кг мртво дигање при килажа од нешто испод 100 кг-god damn. Подвиг кој сеуште е тежок да се приближи некој до него, а камоли да го престигне. Најголем напредок при ваков тип на тренинг ( без каиш ) ќе забележите во кичмата. Ќе ви стане јака како челик, отпорна на куршуми.

 Грбов на сликава е на David Rigert поранешен олимписки кревач на тегови, страшнo НЕЛИ?!?
А со јака кичма и јадро се останато исто така ќе напредува. Страничните стомачни најдобро се вежбаат и најголема функционалност би добиле со standing overhead pressing со една рака бидејќи при тие вежби треба многу баланс, јадрена сила исто колку и сила во рамото и рацете. Исто така страничните добро се вежбаат и со side deadlifts или one arm deadlifts (ви текиња  Hermann Görner). И што чекате маафакери, ајде гитла и напрајте кичметини и стомак што куршум не ги буши.
Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!

No comments:

Post a Comment