Saturday, January 8, 2011

Кој ве врти :)

Пошто гледам заинтересираноста за блогов е слаба си реков шо кур ќе се мучам да пишувам коа никој не чита. Тоа може да се промени ако повеќе луѓе побараат и би ми било задоволство повторно да пишувам. Така да ова може и да е последен пост на овој блог, јебига.

Tuesday, January 4, 2011

Мајне фавоуритес #2 - Веслање с'с десанку ил леванку

Од одма да ви кажам на вас перверзњачишта дека насловот не се однесува на вашите активности пред легнување и слично, туку на една од моите многу драги вежби. Таа у буквален превод би дошла веслање со една рака со бучица, или one arm dumbbell rows. Малце тапа звучи на македонски нели? Е сеа, уште ако не ви е јасно која е вежбата, со теретански речник таа е вежбата за грб со бучица коа влечете накај тело а сте навалени.

Ете бате Декстер ви покажуе како се праи

Претпоставувам дека многу од вас не ја практикуваат вежбичкава, ама има и доста билдероина што ја прават. Е сега, што ме нервира кај нивната изведба на вежбата. Глеате иде вежбач, и е доста јак, го знаете крева пристојни килажи и му дошол грб на мени денеска и ја праи вежбава. И сг он наместо да шиба 60 70 80 90+ кг што му се во можностите, не дека не може он, зима 15-20кг бучица и прави во "перфект" форма. А малку е свесен дека вежбава е измислена за у лоша форма да се прави. Као прво, стисокот ќе ви ојача страшно коа ќе шибнете килажиште, второ трапезот ќе ви цвика за милост наредните денови и трето лептирот, задното рамо и страничните стомачни исто така ќе си го изедат стапот. Така да  добивките се големи само треба да не се дундосуате и да ставите јаки килажи. Има еден зверотиња, Matt Kroczaleski што докторирал со вежбава. Е тој истиот типац е најдобар powerlifter во категорија до 100 кг со опрема у свет. 

Самиот поглед на бучицата ви покажува што стока од чоек е
Си викате зошто докторирал на вежбава, епа прикаската иде овакој- уште у неговите почетоци коа си ја праел вежбава си напреднуел и стигнал до најголемата бучица у неговата теретана која била 175 pounds или 79 кг. И сеа пошто powerlifter е он си сакал сила ама немало поголеми бучици и кутриот си викал ај ќе праам колку можам со оваа што ја иам. И така он си праел и си праел и стигнал над 20 пати да си ја работи и одеднаш приметил неколку битни фактори кои се подобриле кај него. Тоа било зголемена маса и сила во горниот дел на грбот што дало резултати во мртвото дигање и во некои други кревања зависни од тој дел на телото и ојачан стисок. И типот си продужил да си ја праи вежбава по повеќе пати и накачувал килажи, килажи и ете го денес легенда у спортот. Дури и варијацијата на вежбата он што ја праел е наречена според него, Kroc Rows. Тоа е уште полегендарно, да имаш вежба според тебе наречена, fucking awesome. Плус како што споменав помага за мртвото дигање,  поточно во крајниот дел од кревањето, што воедно е и мојата слаба страна при мртвото дигање и гооолема причина што ја обожавам вежбава. Додека од бодибилдерски аспект оваа вежба ви е супер за масивни трапезишта и у глобала грбот. Па така децо земете веслајте и турајте килажишта на вежбава, баталете форма и гледајте како ќе цветате муахаха. Ајде сеа адиос и кршете кичми.
ПточкаСточка Еве ви го Matt Kroc у негов стил.


Monday, January 3, 2011

Нова година, нови предизвици

И така пројде уште една година зад нас. Се надевам дека ви била супер во однос на кревањата. Како и да е, пројде и сега на повидок е уште година која би требало сите да ја искористиме до максимум и да одиме кон целта, т.е да станеме нешто приближно како блиндирани хамвиња.

 Ова Google ми го даде кога пишав "моќ", богами не е лош избор Rosario
Затоа маафакери, као шо би рекле американчиштана, гет даун то бизнис, и кршете кичми.

Sunday, December 19, 2010

Monday, November 29, 2010

The real deal стомачни

     Јако јадро ( стомак, кичма и околна мускулатура ) не подразбира вежбање со милион серии и милион повторувања на клупата за стомачни како што повеќето си мислат ( освен целта ако не им е екстремна кондиција, мада и за тоа треба друг пристап ). Јако јадро се создава со тешки чучњеви, мртво подигање, разни варијации на стоечки вежби ( тука не се подразбира бицепс ) , good mornings, стомачни со додадена килажа, turkish get up, кревање чудни објекти итн. Уште поголема јачина во тој регион се добива со работење без каиш за вежбање. Многумина ќе речат дека тоа е опасно, јас ќе речам, ДА опасно е ако вежбаш со катастрофична форма на изведување на вежбите, дури и со каиш е опасно ако се вежба така, а доколку формата е добра при изведувањето на вежбата зошто да не се прави и без каиш. Бенефициите од тоа се ОГРОМНИ. Потврда за тоа има од најдобриот powerlıfter на сите времиња. Човек чија сила се граничи со онаа на суперхероите. Човек за кој се вели дека доминирал во својата област подобро од Michael Jordan, Tiger Woods во нивните и се вика Ed Coan.

 снагетина од чоек
Пристапот на Ed кој би сакал да ви го прикажам во овој пост е работењето без каиш. Во интервјуа има кажано дека ретко ги работи директно стомачните, туку дека во главно огромната сила што тој ја поседува во јадрото му е од чучњеви и мртво дигање без каиш. А ако се сомневате во неговите тврдења, погледнете ги неговите резултати и при која килажа. Јас ќе наведам еден само другите ќе си ги побарате. Тоа е 408.68 кг мртво дигање при килажа од нешто испод 100 кг-god damn. Подвиг кој сеуште е тежок да се приближи некој до него, а камоли да го престигне. Најголем напредок при ваков тип на тренинг ( без каиш ) ќе забележите во кичмата. Ќе ви стане јака како челик, отпорна на куршуми.

 Грбов на сликава е на David Rigert поранешен олимписки кревач на тегови, страшнo НЕЛИ?!?
А со јака кичма и јадро се останато исто така ќе напредува. Страничните стомачни најдобро се вежбаат и најголема функционалност би добиле со standing overhead pressing со една рака бидејќи при тие вежби треба многу баланс, јадрена сила исто колку и сила во рамото и рацете. Исто така страничните добро се вежбаат и со side deadlifts или one arm deadlifts (ви текиња  Hermann Görner). И што чекате маафакери, ајде гитла и напрајте кичметини и стомак што куршум не ги буши.
Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!

Thursday, November 18, 2010

Реализирај пред да реализираш

 
      За денес имаме еден краток пост, но е многу важен во однос на еден аспект кој секогаш не издига над самите себе.
Најчестата причина за неуспех при изведба на некое тешко кревање, кај почетниците и тие во средна фаза од тренинг, не е немањето сила, немањето одмор, недоволна исхрана, туку е во двоумењето во сопствените способности. Што мислите, што ќе ви одговори секој божји шампион  во секој божји спорт што го има на планетава кога пред најтешкиот момент ќе го прашате дали ќе успее? Да не случајно рече, еј незнам, ќе видиме не сум сигурен. Аха секако. Ќе ви рече без размислување дека ќе успее. Дека нема никогаш да се откаже, без разлика колку и да е тешко, колку и да е невозможно. Тој став треба сите да го применуваме. Бидејќи без разлика каков е предизвикот што сте го поставиле пред себе, не треба во ниеден момент да се сомневате дека не сте способни, јаки, брзи, издржливи, паметни, во зависност од предизвикот. Агресивно треба да пристапите и да бидете самоуверени 100%, ни капка сомнеж да остане во вас. Исто така визуелизацијата е многу битен чекор во овој дел. Треба перфектно да си го замислите секој дел од секое движење што треба да го направите, во перфектна форма, и тоа не еднаш, колку повеќе толку подобро. Најдобар пример за ова ви се формула 1 возачите. Пред секоја трка, секоја кривина, секој ебан дел од патеката знаат како да ги извозат бидејќи стотина пати ја поминуваат трката во главата, во перфектна форма. Исто така треба и вие пред секој тежок сет, да визуелизирате како ја кревате килажата со перфекција. И кога ќе дојде моментот, да дојдете и да го направите тоа што треба да го направите како што сте си го замислиле. Заебете се останато и
JUST FUCKING DO IT.
Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!