Thursday, November 18, 2010
Реализирај пред да реализираш
За денес имаме еден краток пост, но е многу важен во однос на еден аспект кој секогаш не издига над самите себе.
Најчестата причина за неуспех при изведба на некое тешко кревање, кај почетниците и тие во средна фаза од тренинг, не е немањето сила, немањето одмор, недоволна исхрана, туку е во двоумењето во сопствените способности. Што мислите, што ќе ви одговори секој божји шампион во секој божји спорт што го има на планетава кога пред најтешкиот момент ќе го прашате дали ќе успее? Да не случајно рече, еј незнам, ќе видиме не сум сигурен. Аха секако. Ќе ви рече без размислување дека ќе успее. Дека нема никогаш да се откаже, без разлика колку и да е тешко, колку и да е невозможно. Тој став треба сите да го применуваме. Бидејќи без разлика каков е предизвикот што сте го поставиле пред себе, не треба во ниеден момент да се сомневате дека не сте способни, јаки, брзи, издржливи, паметни, во зависност од предизвикот. Агресивно треба да пристапите и да бидете самоуверени 100%, ни капка сомнеж да остане во вас. Исто така визуелизацијата е многу битен чекор во овој дел. Треба перфектно да си го замислите секој дел од секое движење што треба да го направите, во перфектна форма, и тоа не еднаш, колку повеќе толку подобро. Најдобар пример за ова ви се формула 1 возачите. Пред секоја трка, секоја кривина, секој ебан дел од патеката знаат како да ги извозат бидејќи стотина пати ја поминуваат трката во главата, во перфектна форма. Исто така треба и вие пред секој тежок сет, да визуелизирате како ја кревате килажата со перфекција. И кога ќе дојде моментот, да дојдете и да го направите тоа што треба да го направите како што сте си го замислиле. Заебете се останато и
JUST FUCKING DO IT.
Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment