снагетина од чоек
Пристапот на Ed кој би сакал да ви го прикажам во овој пост е работењето без каиш. Во интервјуа има кажано дека ретко ги работи директно стомачните, туку дека во главно огромната сила што тој ја поседува во јадрото му е од чучњеви и мртво дигање без каиш. А ако се сомневате во неговите тврдења, погледнете ги неговите резултати и при која килажа. Јас ќе наведам еден само другите ќе си ги побарате. Тоа е 408.68 кг мртво дигање при килажа од нешто испод 100 кг-god damn. Подвиг кој сеуште е тежок да се приближи некој до него, а камоли да го престигне. Најголем напредок при ваков тип на тренинг ( без каиш ) ќе забележите во кичмата. Ќе ви стане јака како челик, отпорна на куршуми. Грбов на сликава е на David Rigert поранешен олимписки кревач на тегови, страшнo НЕЛИ?!?
А со јака кичма и јадро се останато исто така ќе напредува. Страничните стомачни најдобро се вежбаат и најголема функционалност би добиле со standing overhead pressing со една рака бидејќи при тие вежби треба многу баланс, јадрена сила исто колку и сила во рамото и рацете. Исто така страничните добро се вежбаат и со side deadlifts или one arm deadlifts (ви текиња Hermann Görner). И што чекате маафакери, ајде гитла и напрајте кичметини и стомак што куршум не ги буши.Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!