1. Спиење
- Минимум 7-8 саати на ден. Подобро е да се легне порано бидејќи нема исто ниво на тестостерон да ви создава телото ако легнете во 11 навечер или во 5 сабајле, а тестостеронот мислам дека сте свесни колку е битен, така да завршувајте со порниќите рано.
2. Исхрана
- Внесување на здрава храна и потребните состојки на телото. Тоа би му дошло белковини( протеини ), јагленихидрати, масти, витамини, минерали отприлике тоа се главните. Белковини отприлика околу 2.5 грама на килограм. Тоа за смотаниците ко вас значи ако тежиш 100 кг отприлика би требало околу 250 грама белковини на ден да внесеш. Тоа бар мене ми е идеално за дневно внесување на белковини. Добар извор на белковини се јајца, млеко и млечни производи, меса, риби, соја, но не не ја препорачувам во некој нареден пост ќе објаснам why, итн. Јагленихидрати и масти зависи од личен избор, само избегавајте заситени масти (saturated fats), тие се лошите. Креатин има во месата и рибите, добар избор се телешкото месо и харингата. Витамини и минерали во овошјата и зеленчуците, не ги занемарувајте битни се како и останатите состојки. Се разбира да се избегаваат газирани пијалоци, благи, прженици, мачканици од типот на паштети, алкохол.Суплементацијата е личен избор. Не сум против, не сум ни за. Не ни користам бидејќи сметам дека се што ми треба можам да го внесам преку исхрана. И последно, пијте вода околу 2-2.5 литри МИНИМУМ на ден.
3. HARD WORK
- Кратки, но тешки тренинзи каде што ќе го терате своето тело до максималните способности. Вежбите да вклучуваат што повеќе мускулни групи, а не изолирање на мускулите и слични срања. Примери за такви вежби:
*Squat
*.Deadlift
*Standing press
*Barbell bent over row
*Chin ups/Pull ups
*Bench press
*Power cleans
*Dips
(Чичко Гугл за неуките)
Не верувам во фразата генетички надарен, верувам само во зборот ТРУД и сестра му ВОЛЈА.
Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!!
No comments:
Post a Comment