Wednesday, October 6, 2010

Мајне фавоуритес #1 - Царот, ама не неготинскиот

Замислете си моќно тело. Да пука од сила, идеално, херкулско. И како испадна? Да погодам. Сигурно го замислувате со широки рамења, масивни раце, градите густи и големи, лептирот пун и широк, трапези до уши, 8-pack стомачни. Но гарант не помисливте на нозете. Веројатно заради огромниот удел на бодибилдинг идеалите во мк. Пренагласени гради, раце и стомачни. Ако случајно видите некој да вежба нозе, големи се шансите да си вежба на преса или на leg extension машината такознања кај нас "шутот". И мислат толку, извежбале нозете, 4 сета преса, 4 сета шутот, 4 сета leg curl и готово набилдани им се нозете, доста е, и онака кој глеа нозе па и ти. Хах пацери смотани.

 Тапа нога

Најосновната и може да се рече најмоќната вежба од која се извлекува најголема корист од вложениот труд во нејзе, т.н чучањ, српски збор, на македонски би му дошло нешо као клекнување, што некако тапа ми звучи. И кога мислам на чучањ мислам на чучањ со тежина. Овој збор кога ќе се спомне во нашиве "билдерско" ориентирани теретани многумина ќе речат абе ај не праи тоа ќе сјебеш кичмата, додека па тие што ја праат, а се ретки, ја прават со лесни килажи од страв.



Даааа СТРАВ. Ама стравот е добар, ве тера повеќе да се се трудите, да не речам трудноќа ќе фатите. Што треба да направите за го победите стравот??? Едноставно е, само чучнете со килажа што ви е достојна на силата и ако сакате да идете кај мајка ви да поцуцате млекце и никад више да не ступнете у теретана so be it ИЛИ да станете од чучнатата позиција како победници, е това е това. Се смета како крал на вежбите. Зошто??? Бидејќи е една од најмоќните вежби што човековото тело може да ги изведе, плус доведува до раст на целото тело, не само на нозете бидејќи со интезивно вежбање на чучањот се активира growth hormone што резултира со раст низ целото тело, па затоа не е чудно луѓе со јак чучањ да имаат и шампионско торзо, раце и рамења. А коа ќе се види па уделот на целокупното покачување на снагата треба да сте идиоти да не праите чучњеви. Сите сериозни атлети го изведуваат од олимписки кревачи до powerlifters до strongman натпреварувачи итн итн. Од билдерска гледна точка, чучањот е перфектен за качување маса и ширење на градниот кош што доведува до пошироки рамења, грб. Ако сте почетник во вежбата напредокот ќе биде енормен што секогаш е добредојдено.

Ако праите чучњеви еден ден може џоа овој ќе сте јаки

Варијации на чучањот има катрилион, од заден ( стандард ), преден, overhead па се до zercher, со сопствена тежина итн. Во однос на повторувањата има една магична ствар околу чучањот. Тоа се вика 20 rep squat program или некаде ќе го сретнете како squat and milk program . Интересна ствар е. Прогуглајте и ако нешто не ви е јасно или англиски сте тапа џонс пишете па ќе постирам нешто во врска со тоа. Иначе финтата е што тој начин на правење на чучањ е идеален за почетници бидејќи се качува многу мускулна маса и сила за краток временски период, јас лично качив 5 кг во рок од месец ипол до 2 max. Така да зирнете што е тоа. За качување на сила се разбира треба помал број на повторувања, но за тоа ќе пишам некој нареден пат. Ставот и изведбата на чучањот е индивидуален, има од олимписки до powerlifting стил разлика, па правете го по лични желби и цели, мада според мене најдобро е комбинација од двата стила. Кај олимпискиот шипката со тежина се поставува погоре на трапезот каде што при изведба поголем удел ќе имаат нозете, а кај powerlifting шипката иде подоле со цел да се вклучи што поголем дел и од другите мускулни групи за да се крене што поголема тежина. Јак филинг е кога ќе стигнете до некое ниво на сила каде што шипката ќе се витка од самата тежина кога ќе ја бапнете на грб, гарантирано. Ова беше онака општо кажано, во кратки црти. Подетално други аспекти од чучањот и варијациите во наредни постирања.
Заклучок: Ако праите чучњеви ќе бидете јаки копилиња, ќе имате титански нозе и ќе виткате шипки.
Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!!

No comments:

Post a Comment