Па вака, овие глупости што ќе ги пишувам јас ќе бидат поврзани претежно со вежбањето, нутриционизмот и слични ствари. Пошто ова ми е првиот пост нема одма да почнам со постирање на такви ствари, туку ќе ве воведам во тоа отприлика што ќе следи. Јас иако сум сеуште млад копук не сум толку неписмен во однос на физичкиот тренинг. Човек учи цел живот, така да ова ќе му дојде како што јас учам некои ствари така и вие преку мене, капиш??? Исто така и тоа што веќе го знам ќе се обидам на што посфатлив начин да ви го пренесам. Генерално гледано, ќе има доста јадење на трици, ќе бидат опфатени многу теми од светот на bodybuilding, powerlifting, strongman, olympic lifting, strength training, conditioning, нутриционизам итн. Ако не ви се јасни зборовиве ( освен првиот кој верувам го знаете сите ) постои чичко Google. Сигурно кога ќе го читате ова ќе си викате што праи куртонов? Епа "куртонот" се обидува да наметне револуција во начинот на вежбање во Македонија, да се избрише заблудата околу вежбањето и сите да станеме јаки маафакери. Ако се прашувате кој сум јас, мада сумњам, јас сум типац кој се наоѓа во некоја intermediate фаза од вежбањето иако немам некое јако искуство, веќе неколку години збирам солидни информации од искусни луѓе за физичкиот тренинг, а нешто се дознава и открива со лично искуство. Па такој, јас како што приметивте си зборам на скопски акцент и ме заболе ако ви пречи. Од наредниве денови ќе почнеме со постови темите на почеток ќе бидат мој личен избор па понатаму ако ве има во доволен број и со добри предлози ќе праиме компензации.
Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!!
No comments:
Post a Comment