Saturday, September 25, 2010

Цел, а понекад и пола

50 % од дечките што првпут влагаат у теретана, благе везе немаат зошто идат да "креваат" тегови. Некои од нив идат заради друштво, некои заради досада, некои се попалиле од што го виделе Арни во "Терминатор" или Sly во "Роки". 49% идат за да улепшаат тело, да напраат стомачни, бицепси, груди. 1%, во Македонија верувам дека е и помала цифрата, идат да бидат што поретардирано појаки и да го искористат даденото од природата претворајќи во го нешто приближно на оклопен тенк. Сите заслужуваат почит бидејќи да се вежба и да се биде здрав не е лесна работа за секој. Постојат многу луѓе кои сметаат дека тоа е сосема непотребно и глупо искористување на време. Не се свесни дека инвестираат во своето здравје, но нивна работа, нивни живот, кој што сака тоа нека си праи. Уште поголема почит заслужуваат типците кои продолжуваат после првиот месец од вежбање, што отприлика претставува временски период во кој многумина се откажуваат пошто сфаќаат дека и не е така лесно да се постигнат врвни резултати. Но и тие после некој период се откажуваат кога некоја типка со fake издигнати цициња ќе ги пофали за нивните стомачни или кога самобендисаноста ќе им удри премногу во глава па така да секој пат кога ќе се погледнат у огледало мислат дека се реинкарнација на Ronnie Coleman. За на крај најголема почит заслужуваат луѓето кои цел ебан живот вежбаат и постојано се подобруваат, не само физички. ТИЕ се тие кои се вредните работници, кои секојдневно инвестираат во себе и своето здравје и ДА, тие се себични, но зашто да не бидат, животот постои за да се искористи во уживање и постојано надградување на СЕБЕСИ. Без разлика дали се билдери, обични луѓе со обични работи, профи кревачи итн.
Тоа би требало да биде главната цел на секоја особа која влага првпут у теретана. Треба тоа да го знаат уште пред да се одлучат на тој чекор, треба да знаат дека нема чуда за 3 месеци ( зависи тука многу од стероидите ), дека единствениот начин е преку тешка работа и многу трпение. Па понатаму да размислуваат за некои други цели во нивната вежбачка кариера, секој со својата замисла. И за крај ќе ја употребам познатата изрека која е и многу точна, "Рим не бил изграден за еден ден.".
Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!!

Еј брат, за 5-6 месеца се праам ваков. Хаха, да да секако.

 

Tuesday, September 21, 2010

Прво па мушко

Па вака, овие глупости што ќе ги пишувам јас ќе бидат поврзани претежно со вежбањето, нутриционизмот и слични ствари. Пошто ова ми е првиот пост нема одма да почнам со постирање на такви ствари, туку ќе ве воведам во тоа отприлика што ќе следи. Јас иако сум сеуште млад копук не сум толку неписмен во однос на физичкиот тренинг. Човек учи цел живот, така да ова ќе му дојде како што јас учам некои ствари така и вие преку мене, капиш??? Исто така и тоа што веќе го знам ќе се обидам на што посфатлив начин да ви го пренесам. Генерално гледано, ќе има доста јадење на трици, ќе бидат опфатени многу теми од светот на bodybuilding, powerlifting, strongman, olympic lifting, strength training, conditioning, нутриционизам итн. Ако не ви се јасни зборовиве ( освен првиот кој верувам го знаете сите ) постои чичко Google. Сигурно кога ќе го читате ова ќе си викате што праи куртонов? Епа "куртонот" се обидува да наметне револуција во начинот на вежбање во Македонија, да се избрише заблудата околу вежбањето и сите да станеме јаки маафакери. Ако се прашувате кој сум јас, мада сумњам, јас сум типац кој се наоѓа во некоја intermediate фаза од вежбањето иако немам некое јако искуство, веќе неколку години збирам солидни информации од искусни луѓе за физичкиот тренинг, а нешто се дознава и открива со лично искуство. Па такој, јас како што приметивте си зборам на скопски акцент и ме заболе ако ви пречи. Од наредниве денови ќе почнеме со постови темите на почеток ќе бидат мој личен избор па понатаму ако ве има во доволен број и со добри предлози ќе праиме компензации.
Тренирајте јако и кршете кичми. Адиос!!!