Saturday, January 8, 2011

Кој ве врти :)

Пошто гледам заинтересираноста за блогов е слаба си реков шо кур ќе се мучам да пишувам коа никој не чита. Тоа може да се промени ако повеќе луѓе побараат и би ми било задоволство повторно да пишувам. Така да ова може и да е последен пост на овој блог, јебига.

Tuesday, January 4, 2011

Мајне фавоуритес #2 - Веслање с'с десанку ил леванку

Од одма да ви кажам на вас перверзњачишта дека насловот не се однесува на вашите активности пред легнување и слично, туку на една од моите многу драги вежби. Таа у буквален превод би дошла веслање со една рака со бучица, или one arm dumbbell rows. Малце тапа звучи на македонски нели? Е сеа, уште ако не ви е јасно која е вежбата, со теретански речник таа е вежбата за грб со бучица коа влечете накај тело а сте навалени.

Ете бате Декстер ви покажуе како се праи

Претпоставувам дека многу од вас не ја практикуваат вежбичкава, ама има и доста билдероина што ја прават. Е сега, што ме нервира кај нивната изведба на вежбата. Глеате иде вежбач, и е доста јак, го знаете крева пристојни килажи и му дошол грб на мени денеска и ја праи вежбава. И сг он наместо да шиба 60 70 80 90+ кг што му се во можностите, не дека не може он, зима 15-20кг бучица и прави во "перфект" форма. А малку е свесен дека вежбава е измислена за у лоша форма да се прави. Као прво, стисокот ќе ви ојача страшно коа ќе шибнете килажиште, второ трапезот ќе ви цвика за милост наредните денови и трето лептирот, задното рамо и страничните стомачни исто така ќе си го изедат стапот. Така да  добивките се големи само треба да не се дундосуате и да ставите јаки килажи. Има еден зверотиња, Matt Kroczaleski што докторирал со вежбава. Е тој истиот типац е најдобар powerlifter во категорија до 100 кг со опрема у свет. 

Самиот поглед на бучицата ви покажува што стока од чоек е
Си викате зошто докторирал на вежбава, епа прикаската иде овакој- уште у неговите почетоци коа си ја праел вежбава си напреднуел и стигнал до најголемата бучица у неговата теретана која била 175 pounds или 79 кг. И сеа пошто powerlifter е он си сакал сила ама немало поголеми бучици и кутриот си викал ај ќе праам колку можам со оваа што ја иам. И така он си праел и си праел и стигнал над 20 пати да си ја работи и одеднаш приметил неколку битни фактори кои се подобриле кај него. Тоа било зголемена маса и сила во горниот дел на грбот што дало резултати во мртвото дигање и во некои други кревања зависни од тој дел на телото и ојачан стисок. И типот си продужил да си ја праи вежбава по повеќе пати и накачувал килажи, килажи и ете го денес легенда у спортот. Дури и варијацијата на вежбата он што ја праел е наречена според него, Kroc Rows. Тоа е уште полегендарно, да имаш вежба според тебе наречена, fucking awesome. Плус како што споменав помага за мртвото дигање,  поточно во крајниот дел од кревањето, што воедно е и мојата слаба страна при мртвото дигање и гооолема причина што ја обожавам вежбава. Додека од бодибилдерски аспект оваа вежба ви е супер за масивни трапезишта и у глобала грбот. Па така децо земете веслајте и турајте килажишта на вежбава, баталете форма и гледајте како ќе цветате муахаха. Ајде сеа адиос и кршете кичми.
ПточкаСточка Еве ви го Matt Kroc у негов стил.


Monday, January 3, 2011

Нова година, нови предизвици

И така пројде уште една година зад нас. Се надевам дека ви била супер во однос на кревањата. Како и да е, пројде и сега на повидок е уште година која би требало сите да ја искористиме до максимум и да одиме кон целта, т.е да станеме нешто приближно како блиндирани хамвиња.

 Ова Google ми го даде кога пишав "моќ", богами не е лош избор Rosario
Затоа маафакери, као шо би рекле американчиштана, гет даун то бизнис, и кршете кичми.